крсти
  
     
     
  
  
      
          
            
              крстат; крстел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 2868
	    
	
    
    
      
          1.
          Изврши, врши верски обред, при што тој што се крштава добива име и се воведува во христијанската вера.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              В недела ќе си го крстат детето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          За вода, масло осветува, cвети со обреди молитва.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Попот ќе крсти вода за славата в недела.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  освети (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Прави крст со рака, прави крстен знак над некого.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Попот го крстеше народот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  прекрсти (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Даде име, именува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Откако го крсти својот коњ, се прекрсти. 
	              
	            
	          
	            
	              Новото училиште уште не го крстиле.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  именува (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Тури, тура вода во течност (вино, млеко).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дедо, си го крстил виново.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  разводни (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се крсти) Мине низ обред на крштавање.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се крстил на стари години.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се крсти) Прави крстен знак.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Зеде да се крсти. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие се крстеа во пченкарникот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  прекрстува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Да се крстиш од чудо - премногу да cе чудиш.
          
      
        
          
            Нашол црква кај да се крсти - нема да му успее, нема да помине кај некого, лажно се надева.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        